На архипелагот Новаја земја прогласена е вонредна состојба поради инвазија на поларни мечки, соопшти регионалната влада на Архангелск.
– Одлуката да се прогласи вонредна состојба на територијата на Новаја земја е донесена на 9 февруари на состанок на комисија. Вонредната состојба е предизвикана од масовна инвазија на поларни мечки во станбени подрачја, соопшти валдата.
Во изминатите три месеци забележани се најмалку 52 такви мечки и шесто до десет кои постојано се на територија на тамошни наслеби. Во соопштение се вели дека имало десетици пријави за мечки од жителите, градинки, школи и други и дека луѓето се плашат да ги напуштат своите домови.
– Луѓето се плаќат да ги пуштат своите деца во училиште, се додава во соопштението.