Режимот на Николас Мадуро се обидел незаконски да изнесе во Бугарија активи од државната нафтена компанија на Венецуела, ПДВСА.

Тоа го тврди венецуелскиот пратеник Карлос Папарони во објава на Твитер.

– Успеавме да спречиме незаконска зделка на узурпаторите кои сакаа да продолжат со грабежи во ПДВСА преку брокерска куќа во Бугарија. Ќе ја продолжиме борбата за заштита на имотот на државата, објави тој.

– Веќе се поврзавме со Бугарија. Нема да украдат веќе ни долар, дополнува Папарони.

Во ек на тешката криза и протестите во Венецуела, претседателот Мадуро продаде голем дел од златните резерви на државата.