Шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ вечерва ќе одржат итен состанок во Њујорк, соопштија дипломати.
Состанокот ќе се одржи откако денеска рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација во Русија, објави Ројтерс.
Министрите за надворешни работи на ЕУ се во Њујорк на годишниот собир на светските лидери во Обединетите нации.
Путин претходно денеска изјави дека станува збор за делумна мобилизација, односно за регрутирање само на оние граѓани кои моментално се во резервистите, а пред сѐ на оние кои служеле во вооружените сили и имаат одредена воена специјалност и соодветно искуство, пренесе Асошиејтед прес.
Тој нагласи дека ги брани руските територии и дека Западот сака да ја уништи Русија.