Руската федерална служба за финансиски мониторинг Росфинмониторинг ги додаде Алексеј Навални, Љубов Собол, Георги Албуров и уште 19 лица во регистарот на терористи и екстремисти, објавено е денеска на веб-страницата на агенцијата.
Меѓу поддржувачите на Навални на листата се и Лилија Чанишева, Руслан Шавединов, Павел Зеленски и други.
На почетокот на месецов, на списокот беа додадени уште двајца клучни соработници на опозицискиот политичар.
Западните аналитичари сметаат дека во Русија е има невидена репресија против неистомислениците во текот на изминатата година, вклучително и затворањето на главниот критичар на претседателот Владимир Путин, Навални, минатиот јануари и прогласување незаконитост на неговите политички организации.
Оттогаш, речиси сите негови главни сојузници ја напуштија земјата.