Русија користи ласерско оружје во своите воени операции во Украина, изјави рускиот вицепремиер Јуриј Борисов и додаде дека се работи за ласерскиот комплекс Задира, кој може да погоди цели до пет километри.

– Овие комплекси веќе почнуваат да влегуваат во употреба. Првиот од нив е веќе се употребува, изјави Борисов за Првиот канал на руската државна телевизија.

Тој објасни дека најновиот ласерски комплекс Задира е помоќен од неговиот претходник Пересвет, кој може да ги заслепи извидувачките сателити до 1.500 километри. „Задира” нанесува физичко оштетување на објекти на оддалеченост до 5 километри, со термички ефект, односно ги спржува за пет секнди и објектите едноставно исчезнуваат. Според Борисов, таков комплекс може „слободно да собори различни класи на беспилотни летала”, избегнувајќи употреба на скапи ракети „Панцир”.