Русија не присуствуваше на сослушување во Меѓународниот суд за правда во судски спор покренат од Украина, која бара да ги запре непријателствата на нејзината територија, поради апсурдноста на тужбата, објави руското Министерство за надворешни работи на Твитер.

Според британски медиуми, станува збор за прв јавен став на Министерството за тоа прашање.

Русија не присуствуваше на сослушувањето во понеделникот во Меѓународниот суд на правдата во Хаг, суд на ОН за решавање спорови меѓу нации.

Украина тврдеше дека Русија погрешно се обидела да ја оправда својата инвазија со лажни тврдења, дека напаѓала во самоодбрана со цел да спречи геноцид.