Верската заедница Јеховини сведоци соопшти дека руските власти ставиле над 200 нивни членови на списокот на екстремисти и терористи.
Таа мерка значи замрзнување на банкарските сметки и ограничена можност за вршење какви било финансиски трансакции.
Русија во 2017 година официјални ги забрани Јеховините сведоци, образложувајќи дека станува збор за екстремистичка организација. Од тогаш стотици јеховини сведоци се уапсени, од кои 24 се прогласени за виновни. Меѓу нив, деветмина се осудени на зтаворски казни. Криминалистичка истрага се води против повеќе од 300 лица.
Инаку, на списокот на екстремисти и терористи има повеќе од 9.500 имиња.