Русија денеска ги повика другите земји да го следат нејзиниот пример при признавањето на сепаратистичките републики во источна Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша указ за независност на Доњецк и Луганск и нареди на руската армија да испрати таму војници како мировни сили.
– Русија ги повикува другите држави да го следат нејзиниот пример, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се додава дека признавањето на двете самопрогласени републики од страна на Москва, што е осудено од Западот, „не било лесно, но е единствениот можен чекор“.
– Одлуката е донесена земајќи ја предвид слободната волја на народот на Донбас, врз основа на одредбите од Повелбата на ОН, Декларацијата за принципите на меѓународното право за пријателски односи меѓу државите од 1970 година, Конечниот акт на ОБСЕ и други основни меѓународни документи, пишува во соопштението на руското МНР.