Русија со најмногу ново заразени во светот во последните 24 часа, но со 14 пати помала смртност од Германија и 45 пати од Шведска

/ 27.04.2020

Во Русија веќе има повеќе од 87.000 случаи на заразени со новиот коронавирус, а во последнте 24 часа регистрирани се 6 198 нови случаи.

Топа што ги храбри Русите е дека имаат само пет смртни случаи на еден милион жители, за разлика од, на пример, Германија со 71 смртни случаи или Шведска со 220 смртни случаи на еден милион жители.

Во март, бројот на новозаразени во Русија брзо се зголеми, а властите реагираа со мерки за карантин низ целата земја.

-Пикот се очекува за три недели, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-До средината на мај мора да го достигнеме врвот. Потоа, во првиот месец од летото, односно во јуни, ќе се подобри, нагласи портпаролот.

Руските медиуми го цитираа Министерството за одбрана дека имало 900 воени лица заразени со коронавирусот, но само четворица биле во сериозна состојба.

Иако порастот на нови случаи во Русија е меѓу највисоките во светот, смртните случаи се релативно ниски – скоро 800, според официјалните бројки. Властите во земјата велат дека повеќе од три милиони тестови се извршени, јави ДПА.


Од истата категорија