Корона вирусот сам исчезнува, независно од мерките што сте ги презеле да го спречите, смета генерал мајорот на израелската армија, Исак Бен Израел.

Тој е поранешен советник на премиерот Нетанјаху по прашња на кибернетика, а сега ги раководи истражувањата по прашања на сигурност на Универзитетот во Тел Авив.

Според него сите напори да се постигне ваков или таков резултат ќе дадат еден ист ефект, зашто вирусот има сопствени граници, го пренесува Бен Израел, Дејли Телеграф.

Тој тврди дека анализите покажале дека вирусот го достигнува својот зенит околу 40 дена по појавата во една држава, а потоа кривата почнува да паѓа. Таа тенденција се забележува како кај државите со строги мерки, така и кај тие со помалку строги.

Кога медиумите го прашале како вирусот ќе исчезне без никаква реакција кон него, тој одговорил:

„Не знам. Немам објаснување. Можеби е врзано со климата, а можеби векот на вирусот е толкав“, рекол генералот.