Фрегатата „Адмирал Горшков“ истрела хиперсонична крстосувачка ракета „Циркон“ од Баренцовото Море врз поморска цел во Белото Море, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
– Водечката фрегата на проектот 22350 „Адмирал на советската морнарица Горшков“ денеска истрела хиперсонична крстосувачка ракета „Циркон“ врз поморска цел во Белото Море од Баренцовото Море, соопшти Министерството.
Лансирањето е извршено како дел од тестирањето на нови видови оружје.
Според објективните контролни податоци, хиперсоничната крстосувачка ракета „Циркон“ успешно ја погодила морска мета лоцирана на оддалеченост од околу 1000 километри“, додава Министерството, истакнувајќи дека летот ги исполнува наведените параметри.