Руското Министерство за одбрана синоќа соопшти дека успешно тестирало интерконтинентална балистичка ракета на полигонот Капустин Јар во јужниот дел на Астраханската Област.
На 12 април 2024 година, од четвртиот државен централен интерконтинентален полигон Капустин Јар во регионот Астрахан, борбениот екипаж на Стратешките ракетни сили изврши успешно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета од мобилен ракетен систем од земја. Добиените резултати ја потврдуваат високата сигурност на руските ракети во осигурувањето на стратешката безбедност на Руската Федерација, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.