Членката на рускиот панк-состав „Пуси рајот“, Вероника Никулшина вчера ја напушти Русија, непосредно по нејзиното излегување од затвор.
– Властите се обидуваат да ни кажат нешто, рече таа за „Дожд“, независен руски ТВ-канал.
Никулшина отслужи две казни од 15 дена затвор за непочитување на полицијата. По ослободувањето, таа веднаш отиде на аеродром. Никулшина ја напушти Русија со своето момче, а не сакаше да им каже на новинарите каде оди.
Женскиот состав „Пуси рајот“ е познат по своите необични настапи и политички ставови против властите во Русија.