Од почетокот на специјалната воена операција, странската помош за режимот во Киев изнесува 38,5 милијарди долари, што ги надминува вкупните воени трошоци на Канада, Италија или Полска минатата година, објави денеска Руската амбасада во Македонија.

– Сепак, украинските власти сметаат дека тоа не е доволно. Така, заменик министерот за одбрана на Украина, Малjар, изјави дека Киев од западните земји добил само 10 отсто од бараното количество оружје. Министерството за финансии на Украина проценува дека еден месец воените деjства го чини Киев околу 10 милијарди долари. Така, Русија се противи не само на режимот во Киев, туку и на целиот западен свет, кој, продолжувајќи да пумпа пари и оружје во Украина, намерно го одолговлекува конфликтот, се вели во соопштението од Амбасадата што е објавено на официјалниот профил на Фејсбук.