Русија соопшти дека е подготвена да продолжи да работи на безбедносна зона околу нуклеарната централа Запорожје, откако шефот на државната нуклеарна компанија Росатом се сретна со првиот човек на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија на ОН, Рафаел Гроси, во Москва.
Нуклеарната централа Запорожје беше заземена од руските сили набргу откако тие ја нападнаа Украина минатата година и беше под постојано гранатирање, а Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за ризик од нуклеарна несреќа.
Меѓународната агенција за атомска енергија повика на создавање безбедносна зона околу централата за да се спречи гранатирањето да предизвика поголема штета.