Во истиот период се регистрирани и 31.299 нови случаи на Ковид-19, највеќе од почетокот на пандемијата.
Кремљ за се поголемиот број на смртни случаи ја обвинува бавната кампања за вакцинирање и апелира до сите луѓе да се вакцинираат. Вакцинирањето се спроведува бавно, а многу Руси имаа недоверба во власта и страв од новите медицински производи.
Податоците регистрирани во четврток значат дека Русија првпат службено пријавила повеќе од 30.000 случаи во еден ден.
Околу третина од жителите-43 милиони, се вакцинирани, изјавил во вторникот премиерот Михаил Мишустин.
Русија за брзо време ја разви и пушти во употреба својата вакцина Спутник V кога пандемијата изби минатата година и од тогаш во оваа земја се одобрени за употреба четири вакцини.