Русија денеска започна големи поморски вежби во кои учествуваат повеќе од 150 бродови и 15.000 војници во Тихиот и Арктичкиот океан, како и во Балтичкото и Каспиското Море, соопшти руското Министерство за одбрана.

Јулската вежба „Бура“, која ќе трае до 27 јули, има за цел да ја тестира подготвеноста на флотата за нестандардни операции, употреба на оружје со долг дострел и други модерни системи, вклучително и беспилотни, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

-Екипажите на бродовите ќе вежбаат распоредување во борбени зони, борба против подморници, заштита на базирачките области и економски активности, соопшти руското Министерство за одбрана. Вежбите ќе вклучуваат и „одбивање напади од непријателски воздушни напаѓачки возила, беспилотни чамци и дронови, обезбедување безбедност на бродовите, погодување непријателски цели и бродски групи“.

Над 120 авиони, 10 крајбрежни ракетни системи, 950 единици воена и специјална опрема, исто така, учествуваат во маневрите, кои ги предводи адмиралот Александар Мојсеев.

фото: МИА архива