Русија на еден месец затвори за пловидба дел од Бело Море по експлозијата на ракетен мотор на воен полигон во близина на Архангелск.

Во експлозијата загинаа две лица, а четворица се повредени.

Руското Министерство за одбрана претходни соопшти дека експлозијата се случила за време на тестирање на мотор на течно гориво.

Во соопштението од руското МО се истакнува дека по експлозијата во атмосферата не се испуштени отропвни материи, а нивото на радијација е во нормални граници