Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеривата скала денеска е регистриран на Курилски Острови, соопшти Американскиот геолошки завод.
Земјотресот бил 138 километри јужно од градот Северо-Курилск на длабочина од 42 километри.
При потресот нема повредени лица, не е причинета материјална штета, а не е издадено ниту предупредување за цунами.