Руската старлета Јулија Кузмина отишла да подигне кредит во една банка во градот Казан.

Како што рекла , кредитот и требал за да купи автомобил. Но , банкарот го одбил нејзиното барање , зашто не им одговарала на условите. Но , Јулија не запрела тука. Таа почнала заводливо да се соблекува и да танцува пред шокираниот банкар , во надеж дека ќе си ги поправи условите за добивање кредит.

Банкарот сепак не бил импресиониран . На видеото се гледа како станува , и го зема капутот , ја покрива и ја испраќа надвор.