Министерката за одбрана, Славјанка Петровска вели дека Македонија ќе продолжи со поддршка на Украина во борбата за нејзиниот територијален суверенитет и интегритет.
Во интервју за Канал 5 вели дека постојано е во комуникација со украинската амбасада во Скопје.
-Секогаш кога имаат потреба од каква било поддршка и помош се обраќаат до нас. И се разбира, како и во претходните три случаи кога ги донесовме одлуките, доколку тие капацитети се на наше располагање, и не се ѝ потребни на нашата Армија, ќе ги отстапиме. Во овој момент, сме во една таква фаза на разговори за тоа што дополнително можеме да помогнеме. И се разбира како и претходно, сѐ во интерес на информираме на јавноста, доколку донесеме таква одлука соодветно ќе соопштиме. Се разбира дека и остануваме на она ветување, штом безбедносните ризици се намалат или се отстранат, ќе соопштиме во детали колкав и каков вид на воена опрема сме донирале, рече Петровска.
Нејзината изјава доаѓа откако руските власти соопштија, а медиумите пренесоа дека е уништен украински конвој со тенкови кои биле донирани од Македонија и Словенија.