Ова е модерен холокауст, тотално уништување на македонскиот идентитет, истакнал Александар Русјаков, а пренесува Глас на Истра, при своето гостување во Хрватска при што имал средби во Хрватското друштво на писатели. Според него, во последните две години во Макеоднија е воведена тотална цензура, па се забрануваат книги, филмови, серии, меѓу кои и една негова серија.

– Договорот кој го потпиша октроираната власт во Македонија (а со што, таа го менува името во Северна Македонија) е нацистички договор со кој се укинува македонскиот идентитет, рече вчера македонскиот писател и дисидент Александар Русјаков, кој во Пула беше гостин на истарскиот огранок на Друштвото на хрватските писатели и Македонскиот културен форум Пула. Еве што уште пренесува Глас на Истра:

Проблем во името

Русјаков потсети дека во 1991 година, четири земји од поранешна Југославија (Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Македонија) побараа да бидат признати како самостојни во Обединетите нации. ОН веднаш да даде зелено светло за Словенија и Македонија, за потоа Европската унија, а не Грција, рече дека проблемот е во името на Македонија, а една од причините е што во Грција постои регионот со името Македонија, па пред името Македонија долго време стоеше „Поранешна југословенска република “, но, како што посочува Русјаков, на Грците не им пречеше само името, туку за нив Македонците како нација не постојат.

– Не треба да влеземе во Европската Унија, бидејќи тоа е лицемерна организација која е подготвена да поништи нечиј идентитет, смета Русјаков, кој вели дека на 27 април 2017 година, во Македонија извршен државен удар, од 2014 година се води специјална војна против Македонија, поради што во оваа држава, како што вели, „омразата е главен тренд”. Тој, исто така, зборуваше многу критички за платформата во Тирана, која бара воведување на двојазичност (македонски и албански) и федерализација на државата. Кажа и на кој начин се лажело и на референдумот и како поради тоа биле уапсени и тепани членови на опозицијата.

– Ова е модерен холокаустот, целосно уништување на идентитетот, вели Русјаков кој забележува дека во последните години во Македонија е воведена и целосна цензура, па се забрануваат книги, филмови и серии, меѓу кои и една негова серија.

Орвеловска држава

– Создадоа Орвеловска држава што ќе се обидат да го пренесат на други држави. Тоа е глобализација, која сака да ги укине културите и да создаде безлична маса. Мене Северна Македонија не ми е татковина. Македонија е тест, на кој паѓа Европската унија, потенцира Русјаков, кој на почетокот  рече дека тој не сакал да пишува за политика, туку политиката, поради сите спомнати околности, сакала тој  да пишува за неа.

„Политиката влета во мојот живот кога сфатив дека некој сака да ми го земе македонскиот идентитет, објасни тој.

Автор на текстот е Младен Радиќ, а Русјаков е во друштво со Алдо Климан.

Целиот тексту на хрватски јазик прочитајте го на овој линк:

https://www.glasistre.hr/kultura/aleksandar-rusjakov-predstavio-se-u-prostorijama-istarskog-ogranka-drustva-hrvatskih-knjizevnika-nazivom-sjeverna-makedonija-ukida-se-makedonski-identitet-588086

Патем, во Пула Русјаков имаше претставување во ДХК – Друштвото на хрватските писатели, каде говореше пред присутните за се што се случуваше во овие последни години во Македонија со цел насилна промена на името. Средбата е одржана во Градската библиотека во која свои простории има Истарскиот огранок на ДХК. Алдо Климан, познат на македонската јавност и по неговите колумни во весникот „Дневник“, а сега во „Република“, превел голем дел од песните на Русјаков и таму беа рецитирани и неговите песни.

Пеачката група „Пракса“ настапила со „Абре Македонче“, а Марта Костурска ја извела „Јанка низ гора врвеше“.

Русјаков имал интервју и за Радио Пула  во траење од 45 минути.