Руската биохемичарка и лекарка по природна медицина Марва Вагаршаковна Оганјан има 45- годишно искуство во медицина и лабораторија.Основата на нејзината теорија е базирана на истражувања на причините за современите болести, вклучувајќи алергии, хипертензија, рак, дијабетес и други болести кои официјалната медицина ги нарекува „болести од начинот на живот”.

Марва ви дава едноставни правила што треба да ги следите за да имате здраво тело и јасен ум.

1. Избор на храна

Никој не сака да се разболи. Желбата ништо да не ве боли е сосема нормална желба, а болеста е вистински злосторник против организмот.

– Со прилагодување на исхраната ќе го приспособите целиот живот – вели Марва и објаснува дека со соодветна храна не се менува само телото, туку и психата.

2. Современата медицина не ја лечи болеста, туку нејзините симптоми

Симптомите не можат да се излечат, но можат привремено да се смират. Но, потоа повторно се појавуваат, во иста или сосема нова форма.Најлошото од сè е дека тогаш болеста има тенденција да стане хронична еволуира во друга, дури и полоша.

– На пример, ако како дете честопати сте страдате од воспаление на белите дробови, не е ни чудо ако имате рак на дојка на 35-години.Таквите трансформации на болеста од една во друга се природни – вели Марва и додава дека овие работи сѐ уште се неразбирливи за многу лекари.

– Запомнете, сè што ве мачело во детството ќе се појави кога ќе бидете повозрасни, во некоја форма, предупредува Марва.

3. Смртта доаѓа од цревата

Повторно да се вратиме на детството. Од што децата уште болуваат, освен од настинки и воспаление на грлото? Тоа се сипаници, заушки и така натаму, кои се класифицирани како детски болести, бидејќи повеќето заболуваат од нив во детството.

Зошто? За почеток, не сите деца се погодени од овие болести.Тие влијаат на децата кои имаат повеќе „материјал” во себе, кои се подложни на развој на вируси кои ги предизвикуваат овие болести. Зошто децата имаат поголема веројатност да страдаат од нив отколку возрасните?

Одговорот е едноставен – телото на детето е изложено на разни видови на нечистотии, кои се акумулираат првенствено во цревата.Во природна медицина постои изрека дека смртта доаѓа од цревата, а тоа е буквално така.

Ако ги знаеме и ги следиме правилата за редовно чистење на цревата, ќе живееме многу долго и здраво. Затоа од клучно значење е и она што го јадеме.

4. Правилна и неправилна исхрана

Храната е вистински благослов, но исто така може да стане и вистинско зло.

– Зло храна е онаа што се продава во кантините, се јаде во градинките, училиштата, болниците, војската. Тоа е вистинско злосторство за здравјето. Поради неа, децата во градинките се разболуваат.

Во Швајцарија, на пример, децата во градинките јадат овошје, салати и чај со мед. Тоа на децата им е доволно да бидат здрави, физички и ментално.

Цревата се преполни со остатоци од фекална материја, гнил и полугнил слуз, живи, полу-мртви и мртви паразити. Дел од хранливите материи треба да помине низ ѕидовите на цревата, но не може поради наслагите од овој отпад.

Затоа е важно правилно да се храните, бидејќи ако биохемијата на телото и биохемијата на храната се согласуваат,  тогаш телото се чисти и се спречува ризикот за настанување на болест.

Најважен совет на Марва

Вагаршаковна Оганјан- За да не се разболите, мора да имате општествена свест. Друштвото создава алкохол и алкохолизам, а потоа се бори со него. Тоа е парадокс на денешното време.

Рецепт на Марва за чистење на телото од паразити

– Алкалната средина ги уништува паразитите. За да го зголемите нивото на pH вредноста, јадете суров зеленчук и овошје. Исфрлете ги од исхраната брашното, тестенините и слатките. Еден од најефикасните методи за отстранување на паразитите е гладот. Постете и сè ќе биде во ред со вашето тело. Не заборавајте и на употреба на лековити билки со мед и сок од лимон –  советува Марва.