Руската противвоздушна одбрана собори украински дрон во близина на Вороњеж, соопштија денеска локалните власти на рускиот регион Вороњеж.
Во соопштението се додава дека соборувањето на дронот не предизвикало жртви или материјална штета и се наведува дека ситуацијата е под контрола, пренесоа руските медиуми.
Градот Вороњеж е на околу 250 километри од границата со Украина.