Руска Река (Russian river) во Северна Калифорнија се излеа и поплави цел град.

Нивото на реката достигнало речиси 12 метри и целосно е поплавен градот Гурневил и отсечен од светот.

Според портпаролот на Оперативниот центар на округот Сонома, над 2.000 домови се поплавени, а движењето низ градот во кој има 4.500 луѓе е можно само со чамци. Патиштата кон градот се непроодни.

Евакуриани се 59 луѓе и нема извештаи за жртви. Локалните жители побарале веднаш да биде прогласена вонредна состојба за да се справат со поплавата.