Управата за цивилна авијација во Москва им забрани на руските авиопревозници да летаат на израелското небо во наредните ноќи, јави ДПА.

Ограничувањето ја опфаќа временската зона помеѓу 22:00 и 04:00 часот по Гринич и ќе стапи во сила за првпат вечерва, се вели во синоќешното соопштение на Росавијација.

Тоа ќе биде во сила до 09:00 часот по Гринич на 16 август, додаде управата за цивилно воздухопловство.

Не беше наведена причина, иако тоа очигледно е поврзано со стравувањата од ирански воздушен напад врз Израел, јави ДПА.

Дневните летови на израелското небо остануваат дозволени.