Руската православна црква денеска изрази жалење поради одлуката на турскиот Државен совет (висок административен суд) за поништување на одлуката на Советот на министри од 24 ноември 1934 година за пренамена на Света Софија од џамија во музеј.
Руската православна црква истакна дека таквата одлука може да доведе до уште поголеми поделби
Со одлуката се трасира патот Света Софија да се пренамени во џамија.
Според неофицијални извори првата молитва во џамијата најверојатно ќе се одржи на 15 јули, дента кога во 2016 година беше осуетен обидот за државен удар во Турција.
Света Софија беше најголемата христијанска црква, изградена во шести век од Византијците, а во џамија беше претворена по османлиското освојување на Цариград, денешен Истанбул, во 1453 година. Статусот од верски објект во музеј беше променет со указ во 1934 година од тогашниот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк.
Света Софија во 1985 година е прогласена за споменик на Светското културно наследство на УНЕСКО.