Руските власти соопштија дека ја завршуваат истрагата против Вагнер групата на Евгениј Пригожин.

„Утврдено е дека учесниците во бунтот престанале со своите дејствија насочени директно кон извршување на кривично дело. Со оглед на овие околности, на 27 јуни беше одлучено да се прекине истрагата“, се вели во соопштението на Федералната служба за безбедност на Русија.