Најмалку шест лица загинаа, а 11 се повредени во руски ракетен напад врз јужниот украински град Криви Рих, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Криви Рих е родниот град на украинскиот претседател.

-Секој ден и секој час рускиот терор докажува дека Украина заедно со своите партнери треба да ја зајакне својата воздушна одбрана, објави Зеленски на социјалните мрежи.

Тој објави видео на кое се гледа како пожарникарите се борат со огнот, а спасувачите креваат бетонски блок од урнатините. Еден човек бил изнесен на носилки.

Оштетени се административна зграда и станбен блок, соопшти Украинската јужна воена команда. (МИА)