Во селото Пржеводов на полската страна на полско-украинската граница попладнето се случила експлозија, а според првичните информации загинале две лица.

Полските портали пишуваат дека војската и полицијата се на терен, но засега официјално не е позната причината за експлозијата. Радио Лублин вели дека две лица загинале. Инцидентот се случил во 15:40 часот.

„Причините за овој настан во моментов се непознати“, изјавил полицаецот Марцин Лебиедович за Радио Лублин.

Некои полски медиуми јавија дека експлозијата се случила по пад на проектил. Оваа вест не е официјално потврдена. Но, „Вашингтон пост“ објави, цитирајќи високи американски претставници, дека станува збор за руски ракети.

Портпаролот на полската влада Пјотр Мулер не ја потврдил информацијата веднаш, но рече дека високите лидери одржуваат итен состанок поради „кризна ситуација“.

Артис Пабрикс, латвискиот министер за одбрана вели дека се работи за руски ракети.

„Моето сочувство до нашите полски браќа по оружје. Криминалниот руски режим истрела проектили кои не само што ги таргетираа украинските цивили, туку паднаа и на територијата на НАТО во Полска. Летонија целосно стои на своите полски пријатели и го осудува ова злосторство“, напиша тој.

Веста веднаш ја коментирал и Антон Герашченко.

„Се појавија информации дека премиерот на Полска свикал итен безбедносен состанок откако две руски ракети наводно паднале во Пжеводов, полски град на 100 километри од Лавов во Украина. Две лица загинаа“, напиша Антон Герашенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи. .

Да потсетиме, попладнево имаше еден од најсилните руски ракетни напади врз украинските градови. Беа нападнати Киев, Харков, Лавов и многу други градови. Полска е членка на НАТО. Членот 5 од НАТО налага дека во случај на напад врз една членка, сите други членки мора да ја бранат.