Соработката меѓу Русија и Кина е на највиско ниво од кога било, му рече рускиот претседател Владимир Путин на кинескиот колега Сји Џинпинг.
Притоа тој подвлече дека притисокот од Западот ја зголемил политичката и економската важност на Пекинг за Москва.
„Соработката со Кина за Русија е еден од врвните приоритети и таа достигна ниво какво не било претходно“, рече Путин.
Сји додаде дека земјите „секогаш цврсто се насочени кон развојот на односите како приоритет“.
За време на посетата на Пекинг, двајцата лидери потпишаа договор во кој се истакнува дека „во состојба на глобална нестабилност и неизвесност“, Русија и Кина „ќе ги зајакнат консултациите за прашања за стратегиската стабилност“.
Тие се согласија да ја прошират соработката во битката со терорзимот и да ја зајакнат соработката на армиите како и да поттикнат заеднички меѓународни напори во борбата со тероризмот „без какви било двојни стандарди“. Во заедничкото соопштение се критикува американската одлука да се повлече од иранскиот нуклеарен договор и притоа се заложија дека него ќе го чуваат во живот и ќе обезбедат натамошна трговија со Иран.
Путин и Сји потпишаа многу договори, а еден од нив е и за изградба на екпсреиментален брз неутронски реактор.
Билатералната трговија годинава се очекува да достигне 100 милијарди долари.