Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изврши инспекција на руската групација трупи „Исток“ на подрачјето на јужен Доњецк во зоната на „специјалната воена операција“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Шојгу го посетил истуреното контролно место на една од формациите, каде го слушнал извештајот на командантот, генерал-полковник Рустам Мурадов и офицерите на штабот за моменталната ситуација и дејствијата на војниците, пренесе РИА Новости.
Како што се наведува, Шојгу посветил посебно внимание на организацијата на сеопфатната поддршка за трупите, вклучувајќи услови за безбедно распоредување на персоналот, како и работата на санитетските единици.