Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека руската армија за еден ден соборила 260 украински дронови, од кои 62 надвор од борбената зона.
Системите за противвоздушна одбрана соборија две наведувани бомби Џејдам и ракетен систем со повеќекратно лансирање ХИМАРС, произведен во САД, како и 260 беспилотни летала, вклучително и 62 надвор од зоната за специјална воена операција, се наведува во соопштението на руското МО.
Исто така се посочува дека 41 дрон биле соборени над Белгородската област, шест над регионот Брјанск, три над Московската област и два над територијата на анектираниот Крим.
фото: МИА архива