Според она што го дознава „Слободен печат“ утрово бил вршен претрес во домот на Миле Јанакиески во Прилеп и станови за кои вели дека се на Никола Груевски.
Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, за „Слободен печат“ потврди дека извршен е претрес на дополнителниот имот на експремиерот Груевски во Скопје, а во врска со предметот „Плацеви на Водно“.
Претреси на поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиевски бил во објект во Прилеп. Од јавното обвинителство потврдувиле дека имало претреси во објекти во Прилеп но не прецизираа за што станува збор.
Во случајот наречен „Плацеви на Водно“, покрај Груевски осомничени се и неговиот кум Ристо Новачевски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.