Се радувам на тоа што обвинетиот Сашо Мијалков самиот се пријави, истакна вчера на прес-конференција обвинителката Вилма Рускоска.
Таа појасни дека Мијалков „преку посредници побарал да се пријавил токму во Обвинителството за организиран криминал и корупција“.
-Откако е дојден беше обезбедуван од истражителите кои што се во Обвинителството за организиран криминал и корупција, рече Рускоска.
За повлекувањето на жалбата за затворски, наместо куќен притвop Рускоска рече дека тоа е сторено „за да не се губи време“.
-Колку што имам сознанија разговарале на таа тема со јавниот обвинител, Љубомир Јовески. Тој се согласил. Од тие причини е повлечена жалбата, рече Рускоска, додавајќи дека сепак ќе се размислува дали да се побара затворски притвор.
-Олеснителна околност е што самиот се пријави, рече Рускоска.
На ова претходеше една долга прес-конференција на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на која тој тврдеше дека има информации кои се поврзани со „бегството“ на екс директорот на УБК.