Катица Јанева била на спикерфон додека Боки 13 барал рекет, тоа го снимил сведокот, потврди за ТВ Телма обвинителката Вилма Рускоска.
Извори од СЈО за ТВ Телма велат дека најмалку два пати Бојан Јовановски ја посетил Катица Јанева во нејзината канцеларија во СЈО. Снимките предадени во обвинителството за организиран криминал потврдуваат дека во разговорите меѓу рекетираниот Орце Камчев и изнудувачот Бојан Јовановски има и трето лице во некои разговори, специјалната обвинителка Катица Јанева .
Тоа екслузивно за емисијата КОД го потврдила обвинителката Русковска
КОД: Дали на тие снимки се гледа како осомничените го прават тоа (изнуда) или ја повикуваат Катица Јанева?
Рускоска: Па се гледа, а и се слуша.
КОД: Ја повикуваат Катица Јанева, се слуша такво на снимките? Дека и се јавуваат, да потврди нешто?
Рускоска: Видете, не можам да зборувам за детали од доказите со кои располагаме. Се слуша разговор со јавен обвинител.
КОД: Пуштен на интерфон?
Рускоска: Да.
Снимките кои сега ги поседуваат обвинителите за организиран криминал покажуваат дека рекетираниот бизнисмен ги снимал изнудите, а кога на интерфон била вклучувана и Јанева лично тоа исто така било регистрирано. Судот треба да ги цени дали ќе бидат прифатени како доказ. Рускоска вели дека согласно препораките на Венецијанската комисија тие би требало да бидат прифатени поради јавниот интерес и вклученост на функционер- обвинител во нив. За тоа разговарале државниот обвинител Јовевски и обвинителката Рускоска.
И покрај ваквите снимки Катица Јанева не е упасена, истражителите сметаат дека нема доволно докази за директна поврзаност со рекетот кој го правеле Боки и Зоран Милевски Кичеец.