Полицијата денеска им делеше вода на заглавените граѓани кои чекаа од Македонија да влезат во Грција на граничниот премие Богородица.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска на преминот Богородица има подолга колона за влез во Грција, на грчка страна.

Во делот на Република Македонија нема застој и поминувањето на границата е без проблеми, но се создава застој на грчка страна.

Поради оваа ситуација на граѓаните кои чекаат за влез во Грција им се делеше вода додека се во граничниот простор.