Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес рече, во врска со изјавите на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за Иран и Израел, дека „тато понекогаш мора да користи остар јазик“.

Во вторникот, Трамп ги спореди Иран и Израел со две деца кои се скарале во училишниот двор, а на кои треба да им се дозволи малку да се „тепаат“, објавува Гардијан.

– Во основа имаме две земји кои се борат толку долго и толку силно што не знаат што по ѓаволите прават. Се борат силно, како две деца во училишен двор. Знаете, се борат како луди. Не можете да ги запрете. Нека се борат околу две или три минути. Потоа е полесно да ги запрете – оцени Трамп.

Коментирајќи ја оваа изјава, Руте рече дека „тато понекогаш мора да користи остар јазик“ за да ги запре овие конфликти.