На граѓаните треба да им објасниме дека треба да се жртвуваме за националниот интерес и интелектуалците низ анализа треба да го објаснат тоа вели за Детектор поранешниот пратеник на СДСМ и поранешен амбасадор, Нано Ружин.
Според него, ако за три години нема никаков напредок, Македонија ќе биде во многу тешка состојба
– Оној вредносен пакет на национален интерес е значаен и тој треба да се објасни, но тој пакет значи и жртвување. Ова прашање во однос на Преспанскиот договор е смешно. Ова е нула, вели Ружин
Тој ги повика сите „проевропски сили“ да дадат поддршка на преговарачката рамка.