Диносаурусите побргу ќе добијат свој парк во Скопје отколку своја канализација илјадници скопјани, кои и во 21 век живеат над септички јами во македонската метропола.

Овој проект на градоначалникот Петре Шилегов наиде на восхит кај поддржувачите, но предизвика и револт кај тие што се уште празнат септички јами во главниот град.

– Повеќе од 10-тина скопски населби немаат канализација. Имаат септички јами. Ама Град Скопје за 280.000 евра во Зоолошка градина ќе гради Дино парк за диносауруси! Приоритети, иронично коментира на Твитер корисникот Кирил Ефремовски.

Но, тоа е. Дојде живот и во Скопје и за диносаурусите. И многу граѓани на главниот град побргу ќе видат диносаурус отколку канализација.

(Д.Г.)