Муслимани од различни делови на светот денеска отслужија молитва во спомен на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги, објави турскиот весникот „Сабах“.
Според весникот, погребна молитва се одржа во Анкара, Истанбул, Лондон, Париз, Вашингтон, Исламабад, Рабат, Џакарта, Тунис и во Кувајт.
Во истанбулската џамија Фатих се собраа новинари и пријатели на Кашоги за да му оддадат почит.
Вкупно 11 лица се обвинети за убиството на новинарот, извршено на 2 октомври во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.
Главниот обвинител на Саудиска Арабија вчера побара смртна казна за петмина Саудијци вмешани во егзекуцијата на Кашоги.