Предлог буџетот на САД за 2020 година на американскиот претседател Доналд Трамп ќе го вклучува и глобалниот фонд за жени од 100 милиони долари со кој ќе управува неговата ќерка Иванка Трамп.
Неименуван претставник на Белата куќа изјавил дека буџетот, кој би требало да биде усвоен в понеделник, ќе вклучува и средства за Иницијативата за глобален развој и просперитет на жените.
Администрацијата на САД минатиот месец го почна владиниот проект на чело со Иванка Трамп, која инаку е советник на американскиот претседател.