Американските власти ги повикаа властите во Босна и Херцеговина да ги истражат сите случаи на глорификација на лица осудени за воени злосторства, како и малтретирање на повратници во Република Српска, за време на прославата на 9 јануари, Денот на РС, кој Уставниот суд на БиХ го прогласи за неуставен.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс рече дека властите во БиХ мора веднаш да реагираат кога станува збор за истрагата за глорификацијата на лицата осудени за воени злосторства.

– Ги повикуваме надлежните органи веднаш да ги анализираат овие инциденти и да ги повикаат одговорните лица на одговорност, соопшти Стејт департментот.

Сараевские медиуми пренесуваат дека САД се многу добро запознаени за бројни инциденти, кои вклучуваат говор на омраза и глорификација на воени злосторници.

– САД се добро запознаени со случаите кои вклучуваат говор на омраза, глорификација на воени злосторници и провокации против повратниците во ентитетот РС, се вели во соопштението.

Коментирајќи го присуството на руски и кинески дипломати на прославата на Денот на РС, Прајс рече дека додека кинеските и руските претставници учествуваа во дестабилизирачките церемонии, САД донираа 96.000 дози вакцини против коронавирус на Босна и Херцеговина.