Белата куќа се спротивстави на загриженоста што ја изрази Светската здравствена организација, откако американски лекар рече дека вакцината против коронавирусот може да добие дозвола пред да помине низ целиот процес на клинички испитувања.
– САД ќе продолжат да ги ангажираат нашите меѓународни партнери за да обезбедат победа над вирусот, но нема да бидеме ограничени на мултилатерални организации на кои влијаат корумпираната СЗО и Кина, се вели во соопштение на портпаролот на Белата куќа Џуд Дир.
Дир рече дека претседателот нема да штеди на трошоци со цел да обезбеди која било нова вакцина против коронавирусот да ги исполнува стандардите на американската Управа за храна и лекови во однос на нејзината безбедност и ефикасност.