Бездомништвото во САД достигна рекордно високо ниво – зголемено е за драматични 12 отсто, поради значителното зголемување на наемнините и намалувањето на помошта дадена за време на епидемијата на коронавирусот, соопштије федералните власти.

Тие два фактора заедно го направија домувањето помалку прифатливо, велат властите.

Околу 653.000 луѓе се регистрирани како бездомници – највисоко откако феноменот почна да се мери преку годишни истражувања во 2007 година.

Вкупниот број на бездомници во јануари 2023 година е поголем за 70.650 бездомници во споредба со јануари 2022 година.

Податоците покажуваат дека најголем број нови бездомници луѓе кои никогаш не биле тоа и дека е прекинат трендот на намалување на семејното бездомништво што почна во 2012 година.

„Овие податоци ја нагласуваат итната потреба да се имплементираат докажани решенија и стратегии кои брзо ги оддалечуваат луѓето од бездомништвото и на прво место – спречуваат појава на бездомништво“, наведе во изјавата Марша Фаџ, секретар во Федералното биро за домување и урбан развој.