САД најавија дека денеска се повлекуваат од примена на Договорот за нуклеарните сили од среден дострел (ИНФ), постигнат во 1987 година со тогашниот Советски Сојуз, и тоа предизвикува загриженост во светот пред се во Европа.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера изјави дека Вашингтон за шест месеци целосно ќе се повлече од тој историски договор за контрола на вооружувањето ако Русија не престане да го крши.
Портпаролка на Министерството за надворешни работи вчера изјави дека Москва е подготвена за понатамошни преговори за тој договор, но и дека задржува право да одговори на одлуката на САД да се повлечат од тој договор. Москва негираше дека го прекршува договорот, со кој на двете страни им се забранува да поставуваат во Европа ракети со краток и среден дострел.