Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини соопшти вечерва дека во разговорот со косовскиот претседател Хашим Тачи повторила дека е неопходно укинување на таксите за производите од Србија, со цел побрзо да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина.

– Разговарав со претседателот Хашим Тачи и повторив дека таксите мора да се укинат за да може дијалогот побрзо да продолжи, напиша Могерини на Твитер.

Таа додаде дека нормализирањето на односите е клучно за Косово, Србија, Западен Балкан и ЕУ.

– Нема веќе време за губење, порача Могерини.