Агенти на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) го ограничиле движењето на десет црногорски државјани на брод во Филаделфија, каде беа запленети 16 тони кокаин, откако освен четворицата уапсени, забрана за напуштање на бродот добија и другите морнари од Црна Гора.
Црногорски медиуми јавија дека дека на некои од нив им е дозволено да контактираат со своите семејства.
ФБИ моментно не ги обвинило за шверц на 16 тони кокаин, но тие биле испрашувани во истрагата, а примероци на ДНК биле земени од нив. Нивниот статус ќе биде познат по вештачење за наркотици.
Медиумите тврдат дека меѓу членовите на екипажот се најбројни црногорски државјани и тоа го потврдува дпкументот на ФБИ во кој увид имале од весникот Дан.