Американскиот Стејт Департмент објави дека на црната листа на САД се ставени поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и актуелниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски.
-Јанева беше вмешана во коруптивни дела, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и службена моќ за лична корист,истакна Метју Милер, портпаролот на Стејт департментот.
-Јакимовски, како градоначалник на општина беше вмешан во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање и попречување во урбаното планирање и развој и процесите на набавки во корист на себе и на неговите соработници, истакна Милер на прес конференцијата кога ја објави одлуката.
Одлуката е да им се забрани влез во САД, покрај на назначените и на семејствата на Јакимовски и Јанева.
Јакимовски е и претседателски кандидат кој собра потписи за да учествува на претстојните избори.
-Овие назначувања ја потврдуваат посветеноста на САД за поддршка на владеењето на правото и зајакнување на демократските институции на целиот Балкан, стои во соопштението на Стејт Департментот.