Белата куќа ја отфрли секоја можност САД или нивните сојузници сега да ги признаат талибанските власти во Авганистан.
– Сакам да бидам многу јасна. Нема брзање САД или нивните меѓународни партнери да ги признаат талибанските власти сега, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
Американските власти се во редовен контакт со талибанците додека САД се обидуваат да ги евакуираат луѓето од Авганистан до 31 август, кога е крајниот рок за целосно повлекување на американските сили.